Џејмс го премина Абдул-Џабар на листата на стрелци!

Крилото на Кливленд, Леброн Џејмс со одлична игра го водеше својот тим до лесна победа против Торонто.

Тој одигра одличен натпревар кој го заврши со 39 поени и имаше 6 скокови и 4 асистенции.

На вечерниот натпревар Џејмс го премина легендарниот Карим на второто место на листата на стрелци во плеј-оф серијата и сега Џејмс има 5776 поени. Пред него е само Џордан со 5987 поени.

Како што игра Џејмс не би чудело дека до крајот на плеј-оф серијата оваа година ќе го сруши и тој рекорд.