Џорџ и Пол се играчи на месецот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пол Џорџ од Индијана и Крис Пол од Клиперс се прогласени за најдобри играчи на НБА лигата за април.

Џорџ го водеше својот тим до резултат од 5:1, а Индијана регуларниот дел од сезоната го заврши на 7-мо место, па ќе игра во плеј-оф против Кливленд.

Од друга страна, Клиперс во април одигра 5 натпревари и стигна до 5 победи, а Пол постигнуваше во просек по 21.2 поени, 9.8 додавања и 5 скокови.

Клиперс завршија на 4-то место на Запад и ќе играат против Јута.