Џо Харт се враќа во Англија? Два гиганти во борба за англискиот репрезентативец


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Јирген Клоп сака да го реши проблемот со голманите, но во целата работа се приклучи и Антонио Конте.

Симон Мињоле нема доверба од германскиот тренер, а Лорис Каруис не е класа која би гарантирала стабилност помеѓу головите на Енфилд. Јирген Клоп е во потрага на голман кој од следното лето ќе биде прв избор. Изборот паднал на Џо Харт.

Овој англиски репрезентативец на почетокот на сезоната не беше посакуван од Пеп Гвардиола па отиде на 1-годишна позајмица во Торино. По истекот сигурно дека Харт ќе го напушти Итихад бидејќи Гвардиола нема да смета на него, а во него Ливерпул го гледа решението на проблемите.

Но, Харт е следен и од Челси посебно од кога се појави информацијата дека Тибо Куртоа на лето ќе замине од Стемфорд Бриџ и ќе го засили Реал Мадрид. Антонио Конте тогаш ќе остане без првиот избор на голманската позиција и неговиот избор паднал на Харт.

Цената на овој голман е околу 15 милиони евра.