Џо Харт стигнува во Лондон – Кој ли ќе биде среќниот клуб?


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Англискиот голман Џо Харт по завршувањето на сезоната ќе се врати во ПЛ од Торино, во кој замина минатото лето.

За одличниот голман се заинтересирани неколку клубови.

Се шпекулираше дека тој би се вратил во Сити, но и дека го бара Челси. Сепак, Харт би можел да замине во Лондон, но не во Челси затоа што за него покажа интерес Вест Хем.

Познато е дека Билиќ има проблеми со своите голмани, па јасно дека Харт би бил големо засилување за тимот.

Голманот на Англија призна дека не се гледа во Сити во иднина, а со оглед на тоа дека во Челси би бил резерва, тогаш е нереално тој да замине таму.

Џо Харт оваа сезона одигра 20 натпревари за Торино, а 5 пати ја зачува недопрена мрежата.