11 играчи на Јувентус на трансфер-листата!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ако се верува во она што го пишува „Тутоспорт“, ова лето ќе видиме вистинска распродажба на играчи во Јувентус.

На насловната страница на познатиот италијански весник се дадени имињата на дури 11 фудбалери на Стариот дама, кои се наоѓаат на трансфер-листата.

Спортскиот директор на „Бјанконерите“ нема намера да го продаде секој од нив на класичен начин, туку ќе смета на некои од играчите кога станува збор за размена со други клубови.

Прво да го видиме овој список од кој би можел да се состави квалитетен тим.

Миралем Пјаниќ, Матија Перин, Матиа Де Шиљо, Даниеле Ругани, Кристијан Ромеро, Лука Пелегрини, Адриен Рабио, Марко Пјаца, Гонзало Игуаин, Роландо Мандрагора и Стефи Мавидиди (член на тимот на У23).

Покрај споменатите имиња, во последните неколку недели се шпекулира дека Даглас Коста и Арон Ремзи може да го напуштат Торино.

Списокот не е изненадување затоа што повеќето од споменатите играчи веќе се поврзуваат со напуштање на Јувентус. За некои е сигурно, за некои помалку, но јасно е дека клубот од Торино повеќе нема да изгледа исто, се со цел да го доближи играчкиот персонал до визијата што ја има Маурицио Сари.

Секако, двократниот европски шампион има намера да ги отвори своите врати за нови имиња по продажбата на споменатите, па ова лето ќе биде едно од најбурните за Старата дама.

Некои играчи кои се поврзуваат со Јувентус се Вилијан, Оуар, Погба, Тонали, Мертенс …