Бразил подобар од Полска, Словенија минимално против Исланд

Денес се одиграа уште два натпревари од второто коло на СП во Франција.

Ракометарите на Бразил ја совладаа Полска во натпревар од второто коло од групата А со 28:24.

Бразилците фантастично влегоа во натпреварот. Три погодоци на Толедо и по еден на Лангаро и Тешеира за водство од 5:0.

Лангаро и Дос Сантос со двата погодоци во низа му донесоа водство на Бразил од шест погодоци, 7:1 во деветата минута од натпреварот. Јахлевски постигна два погодоци во низа за намалување на 7:3.

Бразилците преку Силва и Лангаро повторно го вратија водството од шест погодоци, 9:3. Во 22-ра минута од натпреварот Бразил имаше водство од 7 погодоци, 14:7. Пред крајот на првото полувреме Пачковски се разигра и полјаците намалија на 15:11.

Со погодокот на Позер, репрезентацијата на Бразил замина на полувреме со водство од пет погодоци, 16:11.

Силва и Лангаро во второто полувреме постигнаа два погодоци во серија за водство на Бразил, 20:14.

Се играше гол за гол се до десетина минути пред крајот на натпреварот. Кандидо и Галидо набрзина постигнаа два погодоци во низа за водство, 26:19.

Ракометарите на Полска намалија на три погодоци негатива две минути пред крајот на натпреварот со погодоците на Јахлевски, Моравски и Гиерак(2), 26:23.

Бразилците на крајот се радуваа и ја запишаа првата победа на СП, 28:24. Толедо го предводеше Бразил до победа со 8 погодоци. Лангаро постигна 7 погодоци. Кај Полска најефикасен беше Пачковски со 6 погодоци.

 

 

Репрезентацијата на Словенија го совлада Исланд со 25:26 во натпревар од второто коло од групата Б.

Словенија отвори со двата погодоци во низа на Мачковшек и Зарабец, 1:2. Гунарсон постигна два погодоци во низа и го врати водството на Исланд, 3:2.

Во 15-та минута од првото полувреме Маргуч и Мачковшек погодија зa водство на Словенија, 4:5. Словенците првото поголемо водство на натпреварот го имаа осум минути пред крајот на првото полувреме кога Мачковшек и Габер донесоа водство од 6:8.

Финишот на првото полувреме донесе два погодоци во низа на Безјак и водство на полувреме на Словенија од три погодоци, 8:11.

Исланд подобро влезе во второто полувреме. Со погодоците на Атласон и Елисон намалија на еден погодок негатива, 10:11. Елисон со два погодоци во низа го израмни резултатот, 13:13 во 35-та минута од натпреварот.

Сигурдсон му донесе водство на Исланд по подолго време во 40-та минута, 17:16. Безјак и Габер потоа го вратија водството на словенците, 17:18.

Блаж и Чингесар му донесоја водство на Словенија, 20:22. Зарабец во финишот на натпреварот ја запечати победата на Словенија, 25:26. Ова е втора победа на СП за репрезентацијата на Словенија.

Безјак ја предводеше Словенија со 6 погодоци. Кај Исланд, Елисон беше најефикасен со 7 погодоци.