Челси се врати на победничките патеки – Свонси победен на Стемфорд Бриџ (ВИДЕО)


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Во ПЛ од 26-то коло се одиграа уште пет натпревари.

Челси на Стемфорд Бриџ го победи Свонси со 3:1.

После 19 минути игра Педро му асистираше на Фабрегас кој погоди за водство на сините. Фабрегас имаше шанса за втор погодок, но голманот го одбрани неговиот удар.

Во судиското продолжение во првото полувреме, Сигурдсон нафрли, а Љоренте погоди со глава за израмнување на резултатот, 1:1.

Фабиански на почетокот на второто полувреме го одбрани ударот на Азар. Неколку минути подоцна Фабрегас ја погоди пречката.

Педро во 72-ра минута постигна фантастичен погодок од далечина за 2:1.

Шест минути пред крајот на натпреварот Диего Коста ги постави конечните 3:1.

После денешната победа Челси останува на врвот на табелата во ПЛ со 11 бода повеќе од Манчестер Сити кој е втор и 13 повеќе од третопласираниот Тотенхем. Граѓаните и петлите ги немаат одиграно своите натпревари од 26-то коло, а Сити нема да одигра дербито против Јунајтед бидејќи црвените ѓаволи утре ќе го играат финалето во купот на Англија против Саутемптон.

Кристал Палас минимално на домашен терен го победи Мидлзбро, 1:0, Евертон на Гудисон со 2:0 го совлада Сандерленд, Хал и Барнли ремизираа, 1:1, a ВБА го победи Борнмут со 2:1.