„Никој досега не му го направи тоа на Кличко!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот боксер Тајсон имаше пофални зборови за Џошуа кој во спектакуларна борба одржана минатата сабота го нокаутираше Владимир Кличко.

Џошуа успеа да го нокаутира Украинецот во 11-та рунда и да стане нов владетел во тешка категорија.

„Беше тоа одлична борба. Пред натпреварот прогнозирав победа на Кличко. Мислев дека Џошуа ќе изгуби, но тој ме изненади. Одлично се бореше. Покажа срце. Никој досега му го нема направено тоа на Кличко.“

„По борбата и победата сигурно ќе дојде до промена во боксот.“

Џошуа во 19 натпревари стигна до 19 победи.