Репрезентацијата на Македонија до 17 години го започнува турнирот за елитната УЕФА фаза


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Младата репрезентација на Македонија до 17 години на 2.октомври во Скопје ќе го започне квалификациониот турнир за пласман во елитната фаза од УЕФА за квалификациите за пласман на Европското првенство.

Турнирот го организира нашата федерација, а противници на Македонија ќе бидат репрезентациите на Босна и Херцеговина, Молдавија и Словачка.

Селекторот на репрезентацијата до 17 години Горан Станиќ за трите натпревари ќе смета на следните играчи:

Голмани: Матеј Андов (Врадар), Марко Алчески (Академија Пандев), Андреј Буторац (Пелистер);

Одбрана: Кристијан Трпчевски (Њу Старс), Ване Тасевски (Сасуоло, Италија), Божидар Митревски (Работнички), Суад Јонузи (Сент Гален, Швајцарија), Ален Личина (Работнички), Георгије Јанкулов (Црвена Звезда, Србија);

Среден ред: Емил Скоко (Македонија Ѓ.П.), Агон Елези (Каен, Франција), Никола Секулов (Јувентус, Италија), Димитар Тодоровски (Работнички), Влада Новевски (Војводина, Србија), Амар Колашинац (Олимпија, Словенија);

Напад: Кире Трпчевски (Њу Старс), Куштрим Таири (Шкендија), Ален Јусуфов (Винер Спортклуб, Австрија), Муарем Сујхељ (Шкупи), Џемал Ибизи (Вардар), Давид Тошевски (Работнички);

Редослед на натпревари:

  1. октомври Македонија- Босна и Херцеговина (15:00)
  2. октомври Македонија- Словачка (15:00)
  3. октомври Македонија- Молдавија (15:00)