Азар: Можеме да се бориме со Сити и Ливерпул за титулата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот фудбалер на Челзи, Еден Азар е уверен дека неговиот тим може рамноправно да се бори за првак во Премиер лигата.

Според белгијецот, најголеми кандидати за прваци се Манчестер Сити и Ливерпул.

,,Знаеме дека ќе биде тешко, но сметам дека сме фаворити во сенка. Засега нашата работа добро ја работиме, победуваме и тоа е одлично. Можеме да се бориме за титула со Сити и Ливерпул, но и Тотенхем се навистина добри. Ќе видиме што ќе се случи на крајот, Премиер лигата е навистина непредвидлива”- рече  Азар и додаде:

,,Во секој случај, верувам во оваа екипа. Сакаме да освоиме титула и сигурно ќе се бориме до крај”.
Еден Азар со Челзи освои две титули првак во Англија за шест години поминати на Стемфорд Бриџ.