Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Барселона мора да донесе нов стопер во текот на јануари, а изгледа дека направија грешка што го продадоа Јери Мина.
Томас Вармален се здоби со повреда за време на репрезентативната должност, а Самуел Умтити е веќе повреден и нешто мора да се превземе во Барселона бидејќи им недостасува стопер.
Дали е трансфер вистинско решение?
Изгледа дека каталонците погрешија што го продадоа Јери Мина, сега би имал простор да игра, а тие не би морале да бараат замена.
Двајца се на мета во јануарскиот преоден рок, Џене Дакoнем од Гетафе и Унај Нуњез од Билбоа.
Дакoнам има отпусна клаузула од 35 милиони евра, ова момче импресионира оваа сезона и нема сомнеж дека во мадритскиот клуб ги тријат рацете после интересите на Барселона, Севиља, Виљареал и останатите клубови.
Од друга страна Нуњез има 21 година и не е во плановите на Едуардо Бериз кој го користи од време на време, но Барселона го следи и би можела да се обиде да го доведи во своите редови во јануарскиот преоден рок.