Џумхур поради повреди во грбот го предаде мечот: Ѓоковиќ во четвртфинале


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денес се пласираше во четврт финалето на Мастерс во Париз, откако босанскиот претставник Дамир Џумхур му го предаде мечот поради повреда

Ѓоковиќ одлично го отвори натпреварот и брзо направи брејк, па дојде до предност од 3:1.Во средината од првиот сет Џумхур се пожали на повреда на грбот поради што побара и медицински тајм аут.

По враќањето на терен Ѓоковиќ го победи првиот сет со 6:1.

Во почетокот на вториот сет Дамир се бореше колку можеше, но сепак кога резултатот беше 2:1 за Ѓоковиќ тој мораше да го предаде мечот бидејќи болките очигледно беа пресилни.

Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе игра проти хрватот Марин Чилиќ кој малку порано во текот на денот го порази Григор Димитров.