Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фиорентина нема намера до крајот на сезоната да го откупи договорот на хрватот Марко Пјаца од Јувентус пренесуваат италјанските медиуми.
Потсетуваме, Марко Пјаца е член на Фиорентина од минатото лето каде за два милиони евра стигна на позајмица од Јувентус, а Виола има опција трајно да го донесе во нивниете редови за 20 милиони евра.
Сепак, како што пренесуваат италијанците, клубот од Фиорентина нема намера да ја активира оваа клаузула .
Пјаца се мачи да добие место во стартната постава на Фиорентина, а и кога добива прилика не ги воодушевува челниците на клубот. На 11 досегашни натпревари Марко има постигнато само еден гол и асистенција.
Како што пренесува Calciomercato Јувентус не сака да го врати Пјаца во своите редови па хрватот наредното лето би можел да има проблем.
Сепак, со обзир на неговите квалитети и неговите 23 години, сигурно дека на крај тој ќе пронајде клуб за себе.