„Скај Спортс“ открива: Во Челси се убедени дека ќе го добијат потписот на Игуаин


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Еден од најугледните англиски медиуми „Скај Спортс“ пренесува дека од таборот на Челси се убедени дека ќе го донесат Гонзало Игуаин на шестмесечна позајмица со можност целосно да го откупат неговиот договор.

Аргентинецот не е во првиот тим на Милан на вечерашниот натпревар од Суперкупот на Италија против Јувентус, а се верува дека и самиот Игуаин сака трансфер во Милан.

Од таборот на Челси веројатно ќе се ослободат од Алваро Мората за кого има интерес од Атлетико Мадрид, па во следните шест месеци во сезоната ќе влезат со нов напаѓач.