Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ се огласи откако италијанските медиуми пренесоа информација дека би можел да биде надвор од терените од крајот на сезоната.
Да потсетиме, тој се повреди на тренинг пред неколку дена, а тогаш се појави информација дека ќе биде надвор од терените три или четири седмици.
Откако се појави шпекулација дека се работи за посериозна повреда, Марио преку Инстаграм ги смири навивачите на Старата дама.
„Напорно тренирам за да се вратам на терен за неколку недели“, порача тој.
Инаку тој во текот на сезоната одигра 21 натпревар во сите натпреварувања и постигна девет голови и четири асистенции.