Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Џо Харт е премногу добар да седи на клупа, смета некогашниот фудбалер Ливерпул Џејми Карагер.
Легендарниот стопер 29-годишниот голман сака да го види во Ливерпул, ако го напушти Манчестер Сити, што е веќе извесно.
Новиот менаџер на Граѓаните Пеп Гвардиола го испрати на клупа и нема намера да го враќа на голот.
„Како навивач на Ливерпул, сакам да го видам на Енфилд. Се сеќавам како бранеше против Барселона на Ноу Камп во 2015 година. Беше неверојатен. Спречи катастрофа на Сити со неколоку врвни одбрани. Премногу е добар да седи на клупа“, смета Карагер.
Харт се поврзува со многу екипи, најмногу со Евертон.