Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Медиумите во Франција пренесуваат дека Тиери Анри сака да направи нов тандем во средниот ред на Монако оваа зима.
Откако го донесе Цеск Фабрегас во Кнежевството, францускиот стратег сега му фрлил око на фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маруан Фелаини.
Белгиецот беше омилен на Жозе Мурињо, но не добива голема минутажа кај Оле Гунар Солскјер кој повеќе му верува на Андер Ерера отколку на Фелаини.
Токму затоа, Анри ќе се обиде да ја искористи оваа ситуација и да го донесе во своите редови за сума од 15 милиони фунти.
Маруан Фелаини ќе отсуствува од терените најмалку еден месец откако се повреди на еден од последните тренинзи на клубот пред натпреварот со Брајтон.