Дефинитивно заврши сезоната за Белерин: Емери вели дека нема големи главоболки…


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


По слабата измината сезона, Хектор Белерин заигра доста подобро оваа сезона, откако во клубот пристигна Унаи Емери.

Сепак, дојде и повредата, и тоа во вистинско невреме.

Белерин ќе го пропушти остатокот од сезоната, а големо прашање е дали ќе биде подготвен за почетокот на следната сезона.

Емери е запрашан дали ќе побара засилување на позицијата десен бек, а одговорот беше негативен, смета дека во својот тим има доволно играчи кои можат да го заменат Шпанецот.

„Го имаме Ејнсли Мејтланд Најлс, тој игра одлично на позицијата десен бек или десно крило. Исто така, тука е Лихштајнер кој може да игра тука, така што имаме доволно играчи. Не заборавам ниту на Карл Џенкинсон“, посочи Емери.