Џон Оби Микел се враќа во Англија

Искусниот играч од средниот ред, Џон Оби Микел ќе се врати во Англија откако се согласи да потпише договор со тимот на Миделсбро.

Нигерискиот интернационалец веќе е на медицински прегледи во Боро и се очекува да биде од голема помош за тимот на Тони Пјулис.

Последен клуб на Џон Оби Микел беше кинескиот Тианјин Теда, а сега по негово инсистирање ќе се врати во Англија каде со успех го носеше дресот на Челси.