Бразил олимписки шампион во фудбал!

Репрезентацијата на Бразил вечерва го освои златниот медал на фудбалскиот турнир на Олимписките игри во Рио де Женерио.

Бразилците предводени од Нејмар стигнаа до победа над Германија, а освојувачот на турнирот е одлучен после изведување на пенали.

Регуларните 90 минути завршија со резултат 1:1, а Бразилците после пенали славеа со 5:4. Се играше 27 минута кога Бразил стигна во предност од 1:0. Нејмар од слободен удар фантастично погоди за водство на својата селекција и со тој резултат се отиде на одмор.

Мејер во 59 минута донесе на Германија израмнување, а тоа беше резултаткој остана на сила и по истекот на регуларните 90, но и дополнителните 30 минути.

Се пристапи кон изведување на пенали, а фудбалерите на двете селекции беа прецизни.

Со една страна погодуваа Аугусто, Маркињос, Рафиња и Луан, а од друга страна Гинтер, Гнарди, Брандт и Суле, се додека Петерсен во петтата серија не промаши.

Нејмар на крајот беше сигурен реализатор и донесе на својата селекција успех кој долго го чекаше.

Во оваа победа Бразил на некој начин се гледа и како одмазда за бламата во полуфуналето на Сп во 2014 година, кога Германија на пат кон титулата светски шампион ја демолираше Бразил со резултат 7:1.