Конечно е официјално: Игуаин нов фудбалер на Челси


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пред малку од таборот на Челси го официјализираа долго очекуваниот трансфер на Гонзало Игуаин кој на „Стемфорд Бриџ“ првично доаѓа како позајмен играч во следните шест месеци со опција да продолжи и во следните 12 месеци.

Веднаш по комплетирањето на неговиот премин на „Стемфорд Бриџ“, Игуаин изјави дека отсекогаш му се допаѓал тимот на Челси.

„Кога ја добив шансата да заиграм за Челси знаев дека мора да ја зграпчам. Тоа е тим кој отсекогаш ми се допаѓаше  затоа што има голема историја, неверојатен стадион и играат во Премиер лигата, лига во која отсекогаш сакав да играм.

Сега се надевам дека ќе можам да возвратам на довербата од Челси на теренот. Со нетрпение очекувам да започнам и се надевам дека ќе се адаптирам што е можно побргу“- коментираше Игуаин на промоцијата во новиот тим.