Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Емилијано Сала минатата недела потпиша за Кардиф, каде што пристигна од Нант за 17 милиони евра.
Меѓутоа, аргентинскиот напаѓач се врати во Франција да се поздрави со поранешните соиграчи, а потоа тргна кон Англија, каде што никогаш не стигна, зашто исчезна неговиот авион.
За судбината на 28-годишниот напаѓач не се знае. Тој засега се води како исчезнат, а најверојатно ќе биде прогласен и за мртов.
Многумина се прашуваат што ќе се случи со 17-те милиони евра колку што плати Кардиф на Нант за Сала, а „Тајмс“ одговори на прашањата.
Кардиф мора да му плати 17 милиони на Нант за фудбалерот, зашто веќе го регистрираше Сала кај ФИФА и во Фудбалската асоцијација.
Тимот на Кардиф ја платил првата рата од шест милиони евра, а останатите 11 милиони ќе бидат исплатени во две рати.
Нант не е должен и нема да ги врати парите на Кардиф, но тимот од Велс нема да остане без пари, зашто фудбалерите се осигурани и постои клаузула за оштета во случај на трагични случаи.
Осигурувањето треба да го покрие комплетниот износ, кој Кардиф му го должи на Нант, но парите ќе ги добијат за неколку месеци.