Познати почетните петорки за НБА Ол Стар натпреварот

Денеска беа обелоденети стартните петорки за НБА Ол Стар натпреварот кој на 17. февруари ќе се одржи во Шарлот.

Почетните состави ги избраа навивачите, новинарите и самите играчи, а капитени на двете конференции ќе бидат Леброн Џејмс и Џанис Атетокумпо.

Во стартната петорка на Западот освен Леброн ќе заиграат и Кевин Дурант, Стеф Кари од Голден Стејт, Џејмс Харден од Хјустон како и Пол Џорџ од Оклахома.

Истокот ќе биде предводен од Атетокумпо, а освен него во составот ќе бидат Кајри Ирвинг, Кемба Вокер, Кави Ленард и Џоел Ембид.

Интересно е што Лука Дончиќ кој доби над четири милиони гласови од навивачите нема да биде во почетната петорка.