Челси триумфираше во битката за потписот на младиот играч, Манчестер Јунајтед остана со „поткусени ракави“

Екипата на Челси судејќи по се ќе добие ново засилување.

Се работи за младиот фудбалер на Бристол Сити, Антоан Семењ, кој моментално е во Њупорт на позајмица каде е одличен.

Челси отиде најдалеку од сите заинтересирани, понуди милион фунти и по се судејќи, Бристол ќе ја прифати таа понуда.

Се работи за напаѓачот кој е голем работник, не е изразен стрелец, но прави доста за екипата во два правци и вистински тимски играч е каков многумина би посакале.

Манчестер Јунајтед веднаш е зад Челси по интересот, но Челси е изразен фаворит во овој момент да го донесе во своите редови.