Повеќе нема дилеми: Јувентус ќе му ја исполни најголемата желба на Роналдо


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Кристијано Роналдо летоска се пресели од Реал Мадрид во Јувентус во неверојатен трансфер, па досега има фантастична сезона и во минатиот натпревар постигна два гола.

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид порачал до управата на Јувентус дека сака во клубот да го донесат Марсело со кој се големи пријатели.

„Тутоспорт“ пишува дека Јувентус е подготвен да понуди 45 милиони евра за трансферот на Марсело, а најверојатно Реал ќе ја прифати таа понуда.

Исто така, Марсело најверојатно ќе добие плата од 12 милиони евра и така ќе стане втор најплатен фудбалер во дресот на „старата дама“.

Тоа најверојатно значи дека Јувентус ќе мора да го продаде Алекс Сандро и тоа во Премиерлигата, а за него интерес покажаа Манчестер јунајтед и Челси.