ПСЖ рутински против Мец


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


ПСЖ вечерва стигна до втората победа во новата сезона во Лига 1. На Паркот на принцевите падна Мец, против кој тим шампионот на Франција славеше со 3:0.

Домашниот тим се мачеше во првите 45 минути, а Мец „нулата“ ја чуваше се до 52 минута, кога Лукас на асистенција на Орие конечно го доведе својот тим во водство и на навивачите значително им го олесни следењето на овој натпревар во кој неговиот тим беше голем фаворит.

Пет минути подоцна, Ди Марија во улога на асистент а Курзава погоди за 2:0 и така ги острани сите делеми околу победникот.

Ривериез во судиското продолжение со автогол го постави конечниот резултат на натпреварот.

ПСЖ после две кола има максимални шест бода и се наоѓа на второто место на табелата позади Лион, кој има подобра гол разлика.