Чилиќ го освои мастерсот во Синсинати!

Марин Чилиќ го освои првиот турнир од серијата 1000 во кариерата, поради тоа што во финалето во Синсинати во два сета го совлада првиот фаворит Енди Мареј со 6:4, 7:5.

До историскиот резултат хрватскиот тенисер дојде за час и 36 минути. Во првиот сет направи два, а во вториот еден брејк и така дојде до голема победа.

Мареј не успеа да го круниса одличниот период во кој ги освои титулите на Вимблдон и ОИ.