Роналдо има нова порака до управата на Јувентус: Ги сакам нив двајца во тимот…


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Изминатото лето пристигна Кристијано Роналдо во Јувентус за 112 милиони евра, постигна 19 погодоци на 30 настапи, и покрај слабиот старт, а со погодокот во финалето од Суперкупот на „Старата дама“ и го донесе првиот трофеј оваа сезона.

Се пишуваше често дека во Торино би можел да му се придружи и неговиот голем пријател Марсело, таа приказна се уште е актуелна, па останува да се види што ќе направи по ова прашање Јувентус следното лето.

Медиумите во Италија и Шпанија пренесуваат и дека Поартугалецот во редвоите на „Бјанконерите“ би сакал да види уште двајца играчи.

Еден е неговиот некогашен соиграч од мадридски Реал, Хамес Родригез.

Колумбиецот ја одработува втората година од позајмицата во минхенски Баерн, Баварците имаат опција да го откупат по крајот на сезоната, но се повеќе насоки водат кон тоа дека тоа нема да го направи.

Голем број екипи ја следат ситуацијата во Минхен поради некогашниот играч на Порто и Монако, а меѓу нив секако е и Јувентус.

Освен Родригез, Роналдо би сакал да соработува и со талентираниот сонародник, Жоао Феликс.

На младиот Португалец му се предвидува блескава иднина, оваа сезона изби во прв план во редовите на Бенфика, се пишува дека Ливерпул сериозно е заинтересиран за неговите услуги.

Самиот Феликс истакна дека еден ден би сакал да заигра со Роналдо, останува да видиме дали Јувентус е способен да ја победи силната конкуренција и на обајцата да им ја исполни желбата.