Таеквондо клубот Хва Ранг ИТФ од Охрид организира технички семинар со еден од најдобрите мајстори во светот Ким Унг Чол


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Таеквондо клубот „Хва Ранг ИТФ“ од Лескоец, Охрид викендов што претстои организира национален технички семинар од највисок ранг.

Семинарот ќе се одржи во салата на клубот во Лескоец, а на него специјален гостин ќе биде еден од најдобрите мајстори во светот, сениор Гранд Мастер Ким Унг Чол носител на црн појас, IX дан.

Таеквондистот од Северна Кореа е претседател на комисијата за организирање на натпревари во Интернационалната Таеквондо Федерација.

Тренинзите со Ким Унг Чол ќе се одржат во салата на клубот во домот на културата во Лескоец и тоа во сабота со почеток од 10:00 до 12:00 часот, и од 17:00 до 19:00 часот, и недела од 10:00 до 12:00 часот.