Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Почетокот на Златан Ибрахимовиќ во дресот на Манчестер Јунајтед беше феноменален, со што потврди дека е вистински шампион. Сепак, според неговиоте зборови тој менталитет му го „должи“ на еден клуб.
Во интервјуто за Manchester Evening News, шведскиот напаѓач призна дека претстојот во Јувентус од него направи препознатлив лидер и шампион.
„Кога дојдов во Јуве бев само млад и играв со големи ѕвезди. Виера, Канаваро, Турам, Буфон, Дел Пиеро, Трезеге, Недвец, Каморанези, Емерсон…Беше тоа монструозна екипа и тука го стекнав победничкиот менталитет, а со годините превземаш повеќе одговорност“, рече Ибрахимовиќ.