„Извинете што Холдинг не чини 55 милиони фунти“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на фудбалерите на Арсенал Арсен Венгер иронично се извини на навивачите што Роб Холдинг не чини 55 милиони фунти, и така одговори на критиките дека не троши доволно пари на засилувања.

Арсенал во саботата одигра 0:0 со Лестер во гости, а екипата теренот го напушти со повици францускиот стручнак да се „отвори“. Венгер рече дека не ги разбира тие повици, затоа што трошењето на многу пари не гарантира дека засилувањата ќе бидат добри.

„Не разбирам зошто зборувате дека не сум подговен да трошам пари. Ако купам некој за 45 милиони фунти, дали тогаш значи дека добро работам? Ако ве слушам, тогаш треба да значи дека добро работам бидејќи многу трошам, но трошењето не е квалитет сам по себе. Никој не зборува за играта на Роб Холдинг. Треба да се радувате поради него. Англичанец е и има 20 години, но извините што не чини 55 милиони фунти, па така сигурно не е добар“, рече Венгер.

Тој рече дека клубот мора да работи одговорно и дека со драга воља ќе потроши пари на добри играчи.

„Да трошите пари на врвни играчи е не нешто друго, и ние сме спремни за тоа. Ќе потрошам и 300 милиони ако најдам таков играч, ако имам 300 милиони. Во нашиот клуб работат 600 луѓе, морам да работам одговорно. Медиумите влијаат на навивачите, што е дел од денешниот процес“, рече Венгер.

“Професорот“ ја повтори својата филозофија дека играчите треба да го засилуваат тимот.

„Целиот тим работи на засилување на екипата. Не сум тоа само јас. Ако најдеме играчи кои можат да ја засилат екипата, тогаш ќе ги купиме“, рече Венгер.