Клучниот фудбалер на Барселона ќе го продолжи договорот со клубот

Каталонскиот „Спорт“ пренесува дека од Барселона ќе му понудат нов петгодишен договор на Жорди Алба.

Актуелниот договор на шпанскиот интернационалец истекува во 2020 година, а откако Барселона го „врза“ својот тренер со нов договор, сега се насочува кон играчите, а прв кој ќе ја продолжи соработката е токму Жорди Алба.

Алба е еден од најискусните фудбалери на Барселона и долго време настапува на „Камп Ноу“, а доколку го потпише петгодишниот договор  тоа ќе значи дека со сигурност ќе остане во Барса до крајот на кариерата.