Хаос во Баерн пред Ливерпул: Првотимец му се редел на Ковач поради измената


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Баерн Минхен го совлада Аугсбург со 3-2 во рамките од 22. коло од Бундес лигата и ја потврди добрата форма.

Вистинскиот испит Баварцијте го очекуваат утре против Ливерпул во рамките на ЛШ.

Сигурно дека не очекува одличен меч, а германски Билд наведува дека во германскиот гигант и покрај добрите резултати не владее добра атмосфера, дури напротив.

Наводно Нико Ковач задоцнил на еден од тренинзите пред дуелот со Штутгарт, па ова ги налутило фудбалерите. Ковач еден ден порано им одржал лекција на фудбалерите и навел дека нема да толерира доцнење а токму тоа му се случило нему.

Најголем проблем секако направи Тиаго Алкантра кој според пишувањата на Билд му бил лут на Ковач после мечот против Аугсбург. Тој му викал на својот тренер, а Хрватот исто така не му останал должен.

Ковач одлучи да го промени Алкантра во 82. минута, а ова не му се допадна на фудбалерот.

Како и да е, по евентуален пораз во Англика на Ковач нема да му биде ниту малку лесно.