Луис ги договори сите детали за договорот со Ливерпул…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Младиот фудбалер на Ливерпул го договори продолжувањето на договорот.

Левиот бек на Ливерпул кој се уште не одиграл ниту еден меч за првиот тим, Адам Луис, ќе го продолжи договорот со клубот од „Енфилд“.

За ова момче беа заинтересирани неколку клубови, пред се Ренџерс кој го предводи Стивен Џерард, но не сакаше да замине од Мелвуд.

Луис е играч кој може да игра и на позицијата играч за врска по левата страна, а играше и на ЕП 2018. година за младинската репрезентација на Англија.

Останува да се види дали ова момче и во сениорската конкуренција ќе биде исто така добар, со оглед на тоа дека засега е одличен за младиот тим на Ливерпул, што ќе биде наградено со нов договор.