Видиќ отворено: За Манчестер подобро од Солскјер не можеше, Погба под негова палка атакува на епитетот „најдобар фудбалер на светот“…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Некогашниот капитен на Манчестер Јунајтед, Немања Видиќ смета дека менаџерот Оле Гунар Солскјер треба трајно да го предводи славниот клуб од „Олд Трафорд“.

Солскјер пристигна во Манчестер изминатиот декември на местото на Жозе Мурињо во договор до крајот на сезоната, освои 25 од можни 27 во Премиер лигата и веднаш сите ги воодушеви, па и некогашниот српски репрезентативец.

„Јунајтед секогаш тежеше кон најдобро можно решение на клупата. Некои не минаа добро, како Гал и Мурињо, навивачите повеќе очекуваа од нив бидејќи се врвни тренери. За мене Мурињо е еден од најдобрите менаџери во последните 40 години, но едноставно не се вклопи. Сега Оле работи фантастично, го познава клубот и историјата, направи позитивна атмосфера и покажа дека знае со играчите“, истакна Видиќ.

Тој додава дека Норвежанецот е токму она што му треба на Јунајтед во овој момент.

„Го знам карактерот на Оле, имаше успеси во Норвешка за кратко време. И во Англија направи фантастична работа, а многумина се прашуваа што тоа може да направи. Донесе резултати. Јунајтед игра одличен фудбалер и мислам дека ниту еден друг менаџер не направил подобро од него“, додава Немања.

Според неговите зборови, играчот за врска на Јунајтед, Пол Погба може еден ден да стане најдобар фудбалер на светот.

„Погба е вистински пример за лидер. Врвен играч, талентиран и сето тоа го покажува на теренот. Ако продолжи во овој ритам, може да цели кон индивидуални награди, може да биде и најдобар на светот“, заклучи Видиќ.