Ѓоковиќ ја отвори душата: Тато, зошто си на тенискиот терен, а не со мене? Тоа многу ме боли!

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ по освојувањето на наградата „Лауреус“ емотивно пренесе некои моменти од својата улога на татко.

Ѓоковиќ за „Хамбургер Морген Пост“ откри како е да се балансира животот меѓу големите тениски обврски и приватниот живот.

„Да се биде родител е најдобра работа во животот. Најголемиот благослов и предизвик. Понекогаш не сум горд на своето однесување на теренот. Играв фудбал со него на улица и луѓето постојано доаѓаат да се фотографираме. Секако дека ќе им ја исполнам желбата, а син ми ме прашува: Тато, ги познаваш тие луѓе? Зошто се фотографирате?“, откри Ѓоковиќ.

Сепак, Србинот откри и детал, кој му го „кине“ срцето на делови, откако неговиот син ќе го праша зошто не се заедно.

„Не знаев што да му одговорам. Потоа му реков: Понекогаш играм тенис и понекогаш сум на ТВ. А Стефан ме праша: Тато, зошто си на тенискиот терен, а не со мене? Тоа многу ме боли“, вели Србинот.