Дали Кепа вчера ги прекрши фудбалските правила зошто не сакаше да биде заменет? (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалскиот свет вчера остана зачуден откако младиот голман на Челси, Кепа Аризабалага одби да биде заменет во финишот на второто продолжение на финалниот меч во англискиот Карабао-куп против Манчестер сити.

Кепа во финишот на второто продолжение се жалеше на повреда и двапати му беше дадена медицинска помош, а Маурицио Сари помисли дека нешто не е во ред и сакаше во игра да го пушти Вили Кабаљеро.

Но, кога четвртиот судија покажа измена за Челси, Кепа одби да излезе од игра поради што италијанскиот тренер збесна и ја скина тренерката.

Шпанскиот голман е главна тема на англиските медиуми, зашто многумина шпекулираа дека Кепа ќе добие казна поради вчерашниот потег. Многумина помислија дека ќе го замени првотимскиот статус, но најверојатно такво нешто нема да се случи.

Главното прашање беше дали судијата треба да го казни Кепа поради потегот, но споре правилото Шпанецот има право да ја одбие замената, а доколку судијата потврди дека тој може да игра, тогаш се почитува одлуката на фудбалерот, а изгубеното време се надокнадува.

Фудбалерот не мора да излезе од теренот ниту кога четвртиот судија ќе покаже измена. За тоа нема санкции и мечот продолжува понатаму, а замената не се смета како извршена.