„Мундо Депортиво“: Модриќ донесе конечна одлука – потпишува богат договор!


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Светските медиуми во претходните месеци шпекулираа дека освојувачот на „Златната топка“, Лука Модриќ ќе го напушти Реал Мадрид и ќе се пресели во Интер, но очигледно такво нешто нема да се случи.

Иако го поврзуваа со трансфер во Интер, сепак Хрватот наскоро ќе стави потпис на нов, подобрен договор со „кралевите“.

Реал Мадрид дури поднесе тужба против „нераѕурите“, кои очајно го посакуваа Модриќ, но на крајот не успеаа во своите намери и ќе мора да бараат засилување на друго место.

„Мундо Депортиво“ денеска пишува дека Хрватот ќе потпише договор до 2022 година, па тоа најверојатно ќе значи дека Модриќ ќе ја заврши кариерата во Мадрид.

Да потсетиме, Модриќ доби неколку награди, поради своите успеси во претходната година, каде што ја освои Лигата на шампиони третпат по ред, а исто така освои второ место на Мундијалот во Русија со репрезентацијата на Хрватска.