Жестока пресметка меѓу Рамос и Меси: Имаа што да си кажат… (ВИДЕО)


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Реал Мадрид и Барселона играат уште едно Ел Класико, а по првите 45 минути во водство беа Каталонците, откако гол за предност постигна Иван Ракитиќ во 26. минута по нивната одлична акција.

Сепак, вечното дерби не можеше да остане без инциденти, па токму таков беше забележан на крајот на првиот дел.

По еден остар старт на Серхио Рамос над Лионел Меси, тие двајца тргаа во вербална пресметка, но набрзо се смирија страстите.

Очигледно двајцата фудбалери имаа што да си кажат, а тоа само дополнително ја „загреа“ ситуацијата пред продолжението од средбата.

Да потсетиме, Каталонците водат благодарение на голот на Ракитиќ во 26. минута.