Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Барселона го доби вчерашното Ел Класико со триумф против Реал Мадрид на „Сантијаго бернабеу“ со 1-0, а во центар на внимание беше пресметката меѓу Серхио Рамос и Лионел Меси.
Капитените на двата тима се скараа пред полувреме, па имаа вербална пресметка, а потоа Жозе Мурињо објасни зошто Рамос го удрил Аргентинецот.
„Рамос знае дека мора да се промени и најверојатно тоа го прави со намера да ги крене тензиите за второто полувреме. Затоа што тоа е игра, барем според мое мислење“, вели Мурињо.
Меѓутоа, Рамос се огласи по мечот и порача дека немал намера, а дека Меси не го разбрал тоа.
„Не беше намерно, Меси погрешно ме разбра и кажа дека му е доста, но тоа останува на теренот“, вели Шпанецот.
Рамос доби критики и од јавноста, која смета дека Шпанецот требало да заработи црвен картон по неговиот удар врз Меси.