Пандев го одигра јубилејниот 400. натпревар во Серија А: Фановите на Џенова го поздравија со специјален транспарент (Фото)

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев стигна до неверојатен учинок од 400 одиграни натпревари во Серија А.

Популарниот Гоче ги одигра вторите 45. минути од натпреварот помеѓу Џенова и Фросиноне кој заврши без победник.

Пандев со денешниот натпревар се приклучи на легендите како Хавиер Занети, Марек Хамшик, Самир Хандановиќ кои исто така имаат по 400 натпревари во Серија А, а не потекнуваат од Апенинскиот полуостров.