Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Јувентус синоќа во дербито на колото на гости го победија Наполи со 2-01, а првиот гол за гостите го постигна Миралем Пјаниќ.
Пјаниќ постигна фантастичен гол од слободен удар во 28. минута откако домаќините останаа со играч помалку бидејќи голманот Алекс Мерет доби директен црвен картон.
Пјаниќ одлично го одигра мечот и покрај тоа што се опорави од мали здраствени проблеми. Меѓутоа, целата одлична игра ја фрли во сенка во второто полувреме откако мораше да го напушти теренот порано поради тоа што доби втор жолт картон, односно црвен.
„Од еуфорија поради голот до чувство на вина, бидејќи ги оставив на цедило моите соиграчи, па потоа повторно до славење поради важна победа. Се извинувам поради црвениот картон и во секој случај одлуката на судијата мора да се почитува“, рече Пјаниќ.