Во чие друштво Пјаниќ го гледаше мечот против Удинезе?


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Јувентус синоќа забележа победа на натпреварот против Удинезе во 27. коло од Серија А.

На денешниот натпреавар не настапи Пјаниќ поради црвениот картон кој го доби на мечот против Наполи, но тој беше присутен на трибините и ги бодреше своите соиграчи, кои рутински славеа со 4-1.

Посебно брилијираше 19-годишниот Моиси Кин, а друштво на неговата мајка и чичко им правеше токму Пјаниќ.

„Со мајката и чичкото на Кин. Честитки до мама која те доведе до овде“, напиша Пјаниќ под фотографијата која ја објави на Инстаграм.

Кин беше стрелец на два гола, а освен него голови постигнаа Чан и Матуиди.