Бабунски постигна маестрален погодок за Омија (ВИДЕО)


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Поранешниот македонски репрезентативец Давид Бабунски на најдобар можен начин ја почна сезоната во Јапонија, откако постигна погодок од 20 метри за важен триумф на својата екипа Омија Ардија на гостувањето кај Токушима со 1-0.

За Бабунски ова беше прв настап за јапонскиот тим, па се покажа во најдобро светло и со мајсторски гол покажа дека заслужува да биде првотимец на Омија.

Во претходните две кола во јапонскиот шампионат во новата сезона, Бабунски ја „грееше“ клупата за резерви на својата екипа, но по денешниот погодок може да се очекува поголема минутажа за поранешниот репрезентативец на Македонија и член на златната младинска генерација.