„Ѓаволите“ спремија 30 милиони евра за вундеркиндот од Бразил!

Англиските медиуми пишуваат дека Жозе Мурињо го сака играчот кој се доведува во врска со Интер, Челси, Јувентус, Баерн, Арсенал…

Таблоидот Сан пушти во етер информација дека Манчестер Јунајтед е спремен да издвои 30 милиони фунти за доведување на Габриел Барбоса.

Популарниот „Габигол“ освои златен медал со олимписката репрезентација на Бразил во Рио, а се очечува до крајот на преодниот рок да го напушти Сантос.

Суперталентираниот, 19-годишен бразилски напаѓач во ова лето се доведуваше со бројни клубови, медиумите го преселуваа во врска со бројни клубови, медиумите го преселуваа на сите страни, а на Олд Трафорд наводно се решени да победат во трката за неговиот потпис.

Планот е Барбоса да расте со Златан Ибрахимовиќ, а во годините кои следат да биде дел од пеколното трио Антоан Марсијал и Маркус Рашфорд.