Фантастични вести: Се врати еден од клучните играчи на Арсенал пред битката за четвртфинале во Лига Европа...

На „Емирати“ од УЕФА пристигнаа фантастични вести.

Арсенал утре на домашен терен ќе го пречека Рен во рамки на осминафиналето од Лига Европа, а во овој меч „Топчиите“ ќе бидат посилни за Александар Лаказет и тоа откако е прифатена жалбата која ја приложија.

Французинот имено, поради исклучување во мечот против Бате Борисов требаше да пропушти три меча, но по жалбата суспензијата е намалена на два меча, па тренерот Унаи Емери ќе може да смета на него утре против Рен.

Лаказет претходно пропушти два меча, поточно реваншот против Бате Борисов и првиот меч од осминафиналето против Рен кој неговиот тим го загуби со 3:1.

Имајќи предвид дека во последно време игра во одлична форма, нема сомнеж дека Лаказет ќе биде од голема корист за Арсенал во битката за четвртфиналето.

Натпреварот помеѓу Арсенал и Рен за потсетување, се игра утре со почеток од 21 часот.