Мурињо: „Селекторската работа не ме интересира“


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Посебниот чека на понуда.

Португалецот Хосе Мурињо е без ангажман откако при крајот на минатата година доби отказ во Манчестер Јунајтед.

Епизодата на Олд Трафорд не беше претерано успешна за португалскиот стратег на кој во декември 2018 година му беше врачен отказ, но без разлика на тоа кај “Посебниот” нема недостаток на интерес, згора на тоа, има се повеќе и повеќе клубови со кои се поврзува.

Сепак, Мурињо за странските медиуми изјави дека нема да брза со одлуката, дека ќе ја чека вистинската понуда и познато е дека селекторската работа не го интересира.

“Да бидеш селектор не е ништо специфично, но јас сакам секојдневна работа, многу натпреварување и многу натпревари. Сакам да останам на клубската сцена”, изјави Мурињо.

Исто така Мурињо откри дека веќе добил три-четири понуди и дека со тренерската работа планира да се врати ова лето.

Досега Мурињо, да се потсетиме, пред Манчестер Јунајтед ги водеше и Челзи, Реал Мадрид, Интер, Порто и Бенфика, каде што во секој од нив освојуваше трофеи.