„Гвардиола ќе посака фудбалер, а шеикот веднаш ќе му даде пари за да си го купи!“

Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес, откри на кој начин тренерот на Манчестер сити ги добива парите за посакуваните трансфери.

Хенес откри дека Пеп Гвардиола нема проблем никаков во Манчестер и дека може да го добие секое засилување.

„Мојот пријател Пеп ми кажа што се случува кога сака да ангажира фудбалер, кој чини 100 милиони. Тој собира неколку видео-снимки, седнува во авион и оди кај шеикот. Тој го носи на вечера, ги гледаат снимките и му ги дава парите“, вели Хенес.

Баерн со 60 бодови го држи првото место на табелата во Бундеслигата, со подобра гол-разлика од Борусија Дортмунд, која има ист број бодови, а следниот меч Баварците во сабота го играат од 15.30 часот против Фрајбург.