Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Зинедин Зидан се врати на клупата на Реал Мадрид, а од челниците на клубот на лето ќе добие огромен буџет за реконструкција на тимот, со цел на Кралевите да не им се повтори сезона како тековната.
Во шпанските медиуми се шпекулира кои играчи би можеле да го напуштат тимот. Еден од нив е Рафаел Варан.
Тој се поврзува со неколку европски великани, па така на Манчестер Јунајтед итно им е потребно квалитетно засилување во задната линија.
Денес Марка објави нови информации. И самиот Варан сака да го напушти Реал на лето, а наводно на соиграчите им ја соопштил својата одлука.
На 25 годинишниот Варан, капитенската лента и статусот на лидер на задната линија на Кралевите му се судени, но се чини дека Французинот сака нов предизвик во кариерата.
Меѓутоа, не е ни чудно ваквите шпекулации да се пласирани токму од таборот на Варан. Имено, Французинот можеби сака нов договор од Реал со обзир на тоа дека е еден од клучните играчи, но не заработува ниту близу како Модриќ, Рамос или Бејл, па со овие гласини сака да го натера раководстовото да му понуди подобар договор, доколку сакаат да го задржат во своите редови.
Од друга страна, доколку навистина сака да го напушти Реал мора да постигне договор со челниците, слично како што направи и Роналдо, со обзир дека неговата откупна клаузула изнесува 500 милиони евра.