Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас блесна во првиот меч од квалификациите за Евро 2020, откако во победата од 3-1 против Летонија, тој постигна два гола.
„Велсонлајн“ пишува дека Елмас бил голема желба на премиерлигашот Кардиф, но македонскиот фудбалер решил да ја одбие можноста за преселба во клубот од Велс, односно сакал да остане во Истанбул.
Кардиф е последниот тим до Премиерлигата кој покажа интерес за Елмас, откако претходно Тотенхем и Лестер сити беа заинтересирани, но не почнаа преговори со турскиот клуб.
Талентираниот тинејџер смета дека има поголеми шанси за напредок во Фенербахче, со кој има договор до 2022 година, а потоа најверојатно ќе следува некој трансфер во европски гигант.
Фенербахче во моментов игра лошо во турската Суперлига, па се наоѓа на 13-то место со четири бодови над опасната зона, а Елмас постигна еден гол во 34 настапи за екипата.